Почетна

Премиерот Заев и вицепремиерот Анѓушев со бизнисмени од Гевгелија: Компаниите да ги искористат мерките за унапредување на соработката со грчките партнери што доаѓаат од новите развојни можности од Преспанскиот договор

18 април 2019


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев и вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев по обиколката на системот за водоснабдување на Гевгелија заедно со директорот на Царинска Управа на Република Северна Македонија, Ѓоко Танасоски и градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков, остварија средба со бизнисмени и деловни луѓе од овој регион.

English

Премиерот Заев и вицепремиерот Анѓушев во обиколка на системот за водоснабдување на Гевгелија: Надминат сериозниот проблем за водоснабдување од 2012 година и 16.000 граѓани од овој крај денеска се снабдуваат со чиста и здрава вода

18 април  2019



Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев и заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, Кочо Анѓушев заедно со градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков и директорот ја јавното претпријатие Комуналец Гевгелија, Златко Зумров денеска беа во обиколка и увид на системот за водоснабдување на Гевгелија.

English

Премиерот Заев и вицепремиерот Анѓушев на средба со Делегација на Германското стопанство и германски компании: Посветено работиме да ја продлабочиме одличната соработка со Сојузна Република Германија како наш најдобар трговски партнер

15 април 2019


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, заедно со заменик на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев денеска одржа средба со Делегација на Германското стопанство, како и со претставници на германски компании коишто работат во земјава. На средбата присуствуваа и министерот за здравство Венко Филипче, како и директорите на Агенцијата за катастар и недвижности и на Фондот за здравствено осигурување, Борис Тунџев и Ден Дончев. 

English

Вицепремиерот Анѓушев и директорот на ФИТР Деспотовски во посета на „Аквапоника“ - микрокомпанија која е пример за примена на иновации во земјоделството

14 април 2019

Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Јован Деспотовски ја посетија компанијата „Аквапоника“, добитник на грант од ФИТР. Проектот на оваа микро-компанија – „Брендирани млади органски салати“ има за цел да воведе нов иновативен производствен процес кој истовремено овозможува контрола на квалитетот на производот „од нива до полица во продажно место“ и лесна следливост на неговото потекло.

English

Премиерот Заев се сретна со чешкиот премиер Бабиш: Да го искористиме потенцијалот за зголемување на економската соработка - Република Чешка пружа недвосмислена поддршка за почеток на преговорите со ЕУ

12 април 2019

На маргините на Осмиот Самит на Шефови на Влади од земјите на ЦИЕ и НР Кина од процесот на соработка 16+1 се одржа билатерална средба помеѓу Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев и владината делагација и Претседателот на Владата на Република Чешка, Андреј Бабиш.

English

Pages

Subscribe to RSS - Почетна