Почетна

Вицепремиерот Анѓушев:економијата бележи континуиран раст, се намалува невработеноста и се зголемуваат платите

10 март 2019

Економијата во Република Северна Македонија бележи контиуниран раст, задвижени се активностите во сите сектори, што резултира со значително намалување на невработеноста и зголемен притисок на пазарот на труд за покачување на просечните плати, беше одговорот на вицепремиерот Анѓушев на новинарско прашање поставено за време на прес конференцијата на која се презентираше моделот за поддршка за изградба на нови фотонапонски електрани на државно и приватно земјиште.

English

Вицепремиерот Анѓушев и министерот за економија Бектеши: се отвораат можности за поголемо производство на електрична енергија од обновливи извори преку транспаренента и конкурентна процедура

10 март 2019

Новата владина мерка за поддршка во користењето на сончевата енергија, овозможена со новиот Закон за енергетика, на прес конференција, беше претставена од заменик претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев и министерот за економија Крешник Бектеши. Целта на оваа мерка е подобрување на условите за инвестирање и јакнење на конкуренцијата во енергетскиот сектор, особено за  поттикнување на поголемо производство на електрична енергија од обновливи извори.

English

Политиките даваат резултати и економијата се движи напред, раст на БДП од 3.7% во четвртиот квартал 2018 ирекордно ниска невработеност од 19.4%

8 март 2019

Денеска во Владата на Република Северна Македонија се одржа прес-конференција на вицепремиерот Анѓушев и економскиот тим министри посветена на растот на БДП во четвртиот квартал од 3.7% според последно објавените податоци на Државниот завод за статистика, на којашто се обратија заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, министерот за економија, Крешник Бектеши и министерот за финансии, Драган Тевдовски. 

English

Премиерот Заев и вицепремиерот Анѓушев објавија нова странска инвестиција – германската компанија Герешајмер потврди вредна инвестиција со 400 нови вработувања

7 март 2019

Реномираната германска компанија Герешајмер, светски позната компанија и лидер во производството на амбалажа за потребите на медицинската и фармацевтската индустрија, потврди дека ќе реализира значителна инвестиција во нова  фабрика во Бунарџик во која ќе се отворат 400 нови работни места за високо едуциран кадар од Република Северна Македонија.

English

Премиерот Заев и вицепремиерот Анѓушев во посета на Еуроникелиндустри:Комбинатот Еуроникел повторно е успешна приказна со стотина милиони евра нови инвестиции и среќни работници и претставува пример за завршена најуспешната стечајна постапка во историјата

6 март 2019 

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев и заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев денеска беа во посета на Еуроникелиндустри поранешно Фени Индустри, направија обиколка во производствените погони, и се задржаа во разговор со работниците и менаџментот и дадоа кратки изјави за медиумите.  

English

Pages

Subscribe to RSS - Почетна