Почетна

Анѓушев за извештајот од „Фич“: меѓународните институции го оценуваат позитивно правецот на македонската економија

19 јануари 2019

Во својот последен извештај, кредитната агенција „Фич“, го потврди кредитниот рејтинг „ББ“ на Република Македонија, со позитивен изглед. Во врска со ова заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, д-р Кочо Анѓушев, нагласи дека ова е потврда за преземените активности, реформите и за правилната насока во која се движи македонската економија.

English

Вицепремиерот Aнѓушев се сретна со деветнаесетгодишниот Христијан Котески кој иновираше теренско возило за чистење снег

18 јануари 2019

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев, оствари средба со деветнаесетгодишниот Христијан Котески, млад автомеханичар од прилепското село Борино, кој со сопствен труд и средства успеал да направи теренско возило за чистење снег.

English

Вицепремиерот Анѓушев: ФЕНИ е првата успешно решена стечајна постапка во Република Македонија

17 јануари 2019

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, Кочо Анѓушев по завршувањето на првиот македонско-бугарски бизнис форум „Македонија - Бугарија 2019“ даде кратка изјава за медиумите и одговараше на новинарски прашања. Во целост ви го пренесуваме одговорот на новинарско прашање кое се однесуваше на успешно завршената стечајна постапка за комбинатот „ФЕНИ индустри“ од Кавадарци.

English

Вицепремиерите Анѓушев и Дончев од бизнис форумот „Македонија-Бугарија 2019“: Подобрена е меѓусебната соработка и правиме конкретни чекори за уште поголеми економски придобивки за двете земји

17 јануари 2019

На првиот бизнис форум „Македонија-Бугарија 2019“, заклучоците на официјалните лица на двете земји е дека по потпишувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, меѓусебната трговска размена помеѓу двете земји е интензивирана, како и дека има потенцијали за уште подобра економска соработка.

English

Средба помеѓу делегации на Република Македонија и Република Бугарија предводени од вицепремиерите Анѓушев и Дончев: Се интензивираат економската соработка и бизнис релациите помеѓу двете земји

17 јануари 2019

Во пресрет на одржувањето на првиот македонско-бугарскиот бизнис форум „Македонија-Бугарија 2019“, во Владата на Република Македонија се одржа билатерална средба помеѓу заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, Кочо Анѓушев кој беше придружуван од заменик министерот за економија, Кире Наумов и потпретседателот на Советот на Министри на Република Бугарија, Томислав Дончев кој предводеше делегација во состав заменик министер за економија, Александар Манолев и заменик министер за туризам, Љубен Канчев.

English

Pages

Subscribe to RSS - Почетна