Почетна

Вицепремиерот Анѓушев на панел дебата за зголемување на соработката помеѓу домашните и странските компании: Владата преку низа мерки ја поттикнува соработката

Постои волја и желба и кај домашните компании и кај странските инвеститори меѓусебната соработка да се интензивира, но за тоа е потребен соодветен квалитет на производите, брза испорака и соодветна цена. Владините мерки даваат можност за технолошка екстензија на компаниите и поттикнуваат повисоко ниво на конкурентност, но потребно е време домашните компании да го достигнат потребното ниво на продуктивност и да ги задоволат стандардите кои странските компании ги побаруваат. Ова се само дел од заклучоците изнесени на денешната панел дебата на тема „ Домашните претпријатија - главни снабдувачи на мултинационалните компании: потенцијали и предизвици“, организирана од „Фајнанс Тинк“, во соработка со Делегацијата на Европската Унија и Центарот за управување со промени.

English

Започна со работа Мешовитиот управувачки комитет помеѓу Владите на Македонија и Германија – Вицепремиерот Анѓушев: да се забрза економската соработка помеѓу земјите

Денес, во Владата на Република Македонија, се одржа првиот состанок ма мешовитиот управувачки комитет помеѓу Владите на Р. Македонија и СР Германија, тело кое е формирано на германска иницијатива, а во насока на интензивирање на соработката на двете земји во економското поле.

English

Вицепремиерот Анѓушев во посета на комбинатот Југохром во Јегуновце: Владата донесе одлука со кредит од 1,5 милиони евра преку МБПР да го помогне рестартирањето на фабриката и да се обезбеди егзистенција на околу 500 семејства

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев го посети металуршкиот комбинат Југохром Алзар во Јегуновце, по одлуката на Владата да се помогне за рестартирање на фабриката. На последната седница на Владата, донесена е одлука, преку Македонската банка за поддршка на развојот, со комерцијален кредит од 1,5 милион евра, да се помогне Југохром да се рестартира.

English

Вицепремиерот Aнѓушев и министерот Сугарески извршија увид на пругата Битола-Кременица: проектот е во завршна фаза, по 32 години се изгради нова пруга кон Република Грција

Вицепремиерот за економски прашања д-р Кочо Анѓушев, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и градоначалничката на општина Битола Наташа Петровска извршија увид на градежните работи на железничката пруга Битола - Кременица, проект кој е во завршна фаза на реализација.

English

Вицепремиерот Анѓушев и министерот Бектеши на Виенскиот економски форум: Регионалната економска област ќе ги заживее економиите на сите држави од Западен Балкан

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, Кочо Анѓушев и министерот за економија, Крешник Бектеши учествуваа на јубилејниот 15-ти Виенски економски форум „Дијалог за иднината 2018 - Економијата се среќава со политиката“ што денеска се одржува во Виена, Австрија. 

English

Pages

Subscribe to RSS - Почетна