Почетна

Владина делегација на Самитот 16+1 во Софија – Со новите иницијативи од овој самит ја зацврстуваме и унапредуваме взаемната соработка

7 јули, 2018 година

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев е во еднодневна посета на Република Бугарија кадешто учествува на Седмиот самит на шефови на влади од процесот на соработка помеѓу Народна Република Кина и земјите од Источна и Централна Европа (16+1). Премиерот Заев ја предводи владината делегација во состав заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, Кочо Анѓушев, министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.

English

Вицепремиерот Анѓушев и министерот Манчевски во Виена на средба на министри за економија од Берлинскиот процес – Преку регионална соработка без бариери до посилен раст на економијата

4 јули, 2018 година

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев и министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски учествуваа на работниот состанок на министри за економија, кој како посебна сесија се одржува во Виена, во рамките на Самитот за Западен Балкан.

Вицепремиерот Анѓушев истакна дека земјите од Западен Балкан мора да воспостават уште посилни меѓусебни економски односи и да го подигнат нивото на соработка, односно заеднички да работат на промоција на регионот како поволна бизнис дестинација и на тој начин да ја подигнат атрактивноста за привлекување на нови инвестиции.

English

Вицепремиерот Анѓушев: Здравјето на граѓаните нема цена, Југохром ќе проработи кога ќе постави филтер

2 јули, 2018 година

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев, на денешната собраниската седница посветена на пратенички прашања, рече дека Југохром ќе проработи откако и само кога ќе се постави филтер. Со тоа вицепремиерот Анѓушев, вклучително и Владата на Република Македонија, на прво место го ставаат здравјето на граѓаните и зачувувањето на животната средина.

English

Енергетската заедница ги препозна реформите во енергетскиот сектор – Македонија напредува

Република Македонија направи голем напредок во имплементација на „меките мерки“ во енергетскиот сектор изминатава година, заклучи Енергетската заедница во „Мониторинг извештајот за електрична енергија во земјите во Западен Балкан“.

Како за споредба, во јуни 2017 година спроведувањето на меките мерки (мерки кои се однесуваат на развивање на пазарот на електрична енергија, мерки за прекугранично балансирање, мерки поврзани со регионална распределба на капацитети и вкрстени мерки) било на ниво од 38%, додека во јуни 2018 година достигна ниво од над 50%. Напредокот започна по одржување на Самитот за Западен Балкан во Трст, а во најголема мера се должи на донесувањето на новиот Закон за енергетика, во кој се имплементирани европските директиви и регулативи од Третиот енергетски пакет.

English

Делегација на Владата на средба со Австриската Федерална стопанска комора

26 јуни, 2018 година

Премиерот Заев е во Виена со заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори, Кочо Анѓушев, со заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања, Бујар Османи и со министерот за надворешни работи, Никола Димитров.

- Развиваме добра економска клима, очекуваме отворање на евро-атлантските интеграции, станавме атрактивна држава за инвестиции, да ја унапредиме економската соработка, ги повика бизнисмените од Австрија, премиерот Заев.

English

Pages

Subscribe to RSS - Почетна