Почетна

Преку трите линии бескаматни кредити од Развојната банка обезбедени 44,1 милиони евра за стопанството – Одржана ликвидност на 4.078 компании, зачувани се 36.802 работни места

16 април 2021


Преку трите кредитни линии, Ковид 1, 2 и 3, од Развојната банка на Северна Македонија, обезбедени се ликвидни средства во вкупен износ од 44,1 милиони евра, пришто се поддржани над четири илјади компании кои вработуваат 36.802 лица. Оваа финансиска поддршка значително им помогна на компаниите да ја одржат својата ликвидност во кризата предизвикана од коронавирусот Ковид-19, кредитите се со каматна стапка од 0% и грејс период до 6 или 12 месеци, кој за Ковид 1 дополнително се продолжи за три месеци. 

Undefined

Вицепремиерот Битиќи на средба со УО на Стопанска комора на Македонија: Четирите пакети економски мерки реализирани со 87% успешност, со нивна имплементација драстично се намалени негативните ефекти од кризата

15 април 2021


Заменикот на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи денес оствари он-лајн средба со Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија, на која се дискутираше за моменталните состојби на економијата во земјата, реализацијата на четирите пакети економски мерки, статусот на мерките од петтиот пакет, како и за активностите кои ги презема Владата за унапредување на бизнис климата во земјата.

Undefined

Вицепремиерот Битиќи на „Форумот на добри компании“: Владата е фокусирана на развојот на социјалното претриемништво, создаваме можности за секого

15 април 2021


Заменикот на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи на покана на Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Јавност“ и Германското здружение за меѓународна соработка (GIZ), се обрати на „Форумот на добри компании“, одржан преку видео конференциска врска, каде зборуваше за предизвиците со кои се соочува општеството во период на кризата со пандемијата од Ковид – 19, како и за преземените активности од страна на Владата за надминување на овие предизвици, закрепнувањето во пост-ковид периодот и одржливиот и инклузивен развој на Република Северна Македонија.

Undefined

Од 65-та седница на Владата: Со законски измени ќе се регулираат цените во приватните болници за хоспитализација на болните од КОВИД-19; Одобрено решението за конечна деконтаминација на линданот во ОХИС

13 април 2021


Владата на Република Северна Македонија на денешната 65-та седница ги утврди измените и дополнувањата на Законот за здравствена заштита со кои, меѓу другото, Министерството за здравство добива дополнителни овластувања во услови на кризна состојба прогласена заради заштита на јавното здравје и прогласена епидемија или пандемија на заразна болест.

Undefined

Битиќи и Николовски и МТВ Бочварски на увид на градежни активности на експресниот пат Ранковце-Крива Паланка: Околу 700 милиони евра во инфраструктурни проекти во Североистокот, вкупните инвестиции долж Коридор 8 може да достигнат 2,5 милијарди евра

9 април 2021


Заменик-претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, денеска извршија увид во градежните активности кои се одвиваат на експресниот пат Ранковце-Крива Паланка, кој се гради во две фази, со вкупна вредност од 58,5 милиони евра.

Undefined

Pages

Subscribe to RSS - Почетна