Почетна

Битиќи на панел дискусијата на тема „Економското закрепнување на Северна Македонија по пандемијата“ во рамки на Првиот економски форум: Направивме значителен исчекор во година на пандемија, преземавме мерки коишто ќе значат структурна промена

23 јуни 2021


„Во претходната година, година во време на една од најголемите кризи, Владата преку своите редовни програми за поддршка на домашните и странските компании исплати рекордни 70 милиони евра, финансиска поддршка која покрај 6-те пакети мерки беше секако значајна поддршка и уше една подадена рака во предизвикот во кој сите се најдовме“, истакна заменикот на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, во рамки на Првиот економски форум, во Скопје, во х. „Александар Палас“, учествувајќи на панел дискусијата на тема „Економското закрепнување на Северна Македонија по пандемијата, заедно со министерот за финансии Фатмир Бесими.

Undefined

Вицепремиерот Битиќи на „Првиот економски форум“ во Скопје: Успешно се справивме со економските последици од КОВИД - 19 на што укажуваат и статистичките податоци кои укажуваат на брзо заздравување на економијата

23 јуни 2021


Заменикот на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, денеска во рамки на Првиот економски форум, во Скопје, во х. „Александар Палас“, учествува на панел дискусијата на тема „Економското закрепнување на Северна Македонија по пандемијата“ заедно со министерот за финансии Фатмир Бесими.

Undefined

Од 81-та седница на Владата: Одобрен е превоз на патници со максимален капацитет на превозните средства; Предлогот за намалување на ДДВ за електрична енергија оди во Собранието; Јунските пензии ќе се исплаќаат од 29 јуни

22 јуни 2021


Владата на Република Северна Македонија на денешната седница ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести да се одобри превоз на патници со максимален капацитет од 100% на сите превозни средства со максимално почитување на мерките и протоколите за заштита од КОВИД-19, со обврска превозниците одговорно да ги спроведуваат и контролираат мерките за лична заштита заради превенција предвидени со протоколот за организирање превоз на патници.

Undefined

Вицепремиерот Битиќи на панел дискусија во рамки на промоцијата на швајцарската програма за соработка со Северна Македонија 2021 – 2024: Препознаени се приоритетите на Владата и тоа, обезбедување повеќе работни места, одржлив раст и дигитализација

21 јуни 2021


Фатмир Битиќи, заменик на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции заедно со премиерот Зоран Заев и повеќе членови на Владата, и во присуство на повеќе претставници на бизнис секторот, денеска, присуствуваше на промоција на Швајцарската програма за соработка со Северна Македонија 2021 – 2024, каде учествуваше и се обрати на панел дискусијата насловена „Како може новата швајцарска програма за соработка најдобро да ги поддржи реформските приоритети на Северна Македонија во рамки на нејзината агенда „Европа дома?“.

Undefined

Pages

Subscribe to RSS - Почетна