Почетна

Вицепремиерот Битиќи на седница на Комисијата за јавно – приватен дијалог: Објавен јавниот повик за поддршка на угостителската дејност, ќе се поддржат околу 6 илјади компани и 17.000 вработени, вкупната поддршка може да достигне 9,9 милиони евра

29 април 2021


„Денес е објавен јавниот повик за финансиска поддршка на угостителите регистрирани со шифри на приоритетна дејност: 56.10, 56.29 и 56.30, кои беа затворени со одлука на Владата за целосна забрана за посетители – гости во сите угостителски објекти и други објекти кои во склоп на истиот даваат угостителски услуги. На тој начин Мерката 3 од шестиот пакет е операционализирана и на 6000 компании кои вработуваат околу 17 илјади лица, на располагање им се ставаат 9,9 милиони евра за поддршка, колку што се проектирани со мерката“, соопшти заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, на редовната седница на Комисијата за јавно-приватен дијалог, на која претставниците на Владата дискутираа со претставници на четирите најголеми стопански комори во земјата, кои се и членки  на Платформата за јавно-приватен дијалог.

Undefined

Економско-социјалниот совет одржа свечена седница по повод 1 Мај - Меѓународниот ден на трудот: „Зачувување на секое работно место и почитување на работничките права, затоа што сечиј труд е важен“

29 април 2021


На свечената седница на Економско – социјалниот совет, а во духот на Меѓународниот ден на трудот, се обратија претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, министерка за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, претседателот на Организација на работодавачи, Ангел Димитров и секретарот на Советот на Сојуз на синдикати на Македонија, Златко  Цветковски. Останатите членови на Eкономско-социјалниот совет и други присутни, беа вклучени онлајн преку Зум платформата. По завршување на свечената седница беше одржана и прес-конференција којашто граѓаните и медиумите можеа да ја следат во живо.

Undefined

Вицепремиерот Битиќи и директорот Петров го промовираа јавниот конкурс „Стартапувај 3“ – Два милиони евра неповратни средства за поддршка на проекти на старт-ап и спин-оф компаниите

28 април 2021


Заменикот на претседатеот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори, Фатмир Битиќи и директорот на Фондот за Иновација и Технолошки развој Коста Петров, денес го промовираа јавниот конкурс за старт-ап и спин-оф компании „Стартапувај 3“.

Undefined

Влада: Од 28 април забраната за движење почнува од 21:00 часот, отворените делови на угостителските објекти ќе работат до 20:30 часот

27 април 2021


На денешната седница Владата ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести и донесе измени и дополнувања на мерките за заштита и спречување на ширењето на КОВИД-19.

Undefined

Pages

Subscribe to RSS - Почетна