Почетна

Вицепремиерот Анѓушев: Земјите од Југоисточна Европа ќе станат еден пазар за електрична енергија, што ќе донесе конкурентни цени за граѓаните

30 мај, 2018 година

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев се обрати на отворањето на работилницата за „ Техничка поддршка за институционалната поставеност на организираниот ден-однапред пазар на електрична енергија“, во организација на Македонскиот електро преносен систем оператор.

English

Вицепремиерот Анѓушев: Остварен рекорден квартален износ на странски директни инвестиции од 235 милиони евра

1 јуни, 2018 година

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев на собраниската седница за пратенички прашања истакна дека Владата на Република Македонија, како никогаш досега е посветена на економски раст и развој, како и воспоставување и одржување на високо ниво на соработка со сите компании кои работат во Република Македонија. Резултатите на работата се покажуваат,  а како пример Вицепремиерот го истакна податокот од Народна банка на Република Македонија за рекордно ниво на странски директни инвестиции во првиот квартал во 2018 година.

English

Енергетска заедница ги повлече споровите против Република Македонија по донесување на законот за енергетика

Секретаријатот на Енергетската заедница денес ги повлече поднесените барања за спорови против Република Македонија. По серија на јавни расправи во кои беа вклучени сите засегнати страни, во транспарентна постапка, Собранието на 21-ви мај 2018 година го донесе новиот Закон за енергетика, во кој се транспонирани ЕУ директивите и регулативите на  Третиот енергетски пакет.

Со новиот закон се враќа основното човеково право на избор на потрошувачот од кого ќе се снабдува со енергија, а воедно и се  исполнуваат  условите за отворање на пазарот на електрична енергија, што ќе донесе поголема конкуренција и подобар квалитет на услугите на граѓаните на Република Македонија.

English

Вицепремиерот Анѓушев на средба со претставници на Југохром – приоритет на Владата е Југохром да се рестартира и да работи во согласност со еколошките стандарди

21 мај, 2018 година

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев оствари средба со претставници на менаџментот и синдикалната организација на Југохром Алшар и со претставници на Синдикатот за индустрија, енергетика и рударство на која се дискутираше со предизвиците кои ги има овој комбинат во процесот изградба на систем за отпрашување за добивање на интегрирана А-еколошка дозвола за работа.

English

Вицепремиерот Анѓушев на дебатата за управување со јавни финансии – реализација на капитални инвестиции за мултиплицирани економски ефекти

21 мај, 2018 година

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев, учествуваше на дебатата насловена  „Економски разговори-Јавните финансии на крстопат“, организирана на Економскиот факултет во Скопје.

Вицепремиерот Анѓушев потенцираше дека станува збор за многу сериозна тема која ги засега сите граѓани на Република Македонија, односно за управување со буџетските средства кои се прибираат од даночните обврзници.

English

Pages

Subscribe to RSS - Почетна