Почетна

Вицепремиерот Анѓушев на презентација на проектот BIMcert – преку европски фондови до повисоки стандарди во градежниот сектор

4 февруари 2019

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, д-р Кочо Анѓушев, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и директорот на Јавното претријатие за државни патишта Зоран Китанов, присуствуваа на отворената сесија на состанoкот на конзорциумот на Проектот „BIMcert“, кој во нашата земја се спроведува преку Научниот институт за истражувања во градежништвото, животната средина и енергетиката (ИЕГЕ-Скопје).

English

Доделени 49 милиони денари на невладини организации и асоцијации за проекти за развој на туризмот во Mакедонија

30 јануари 2019

Вкупно 49 милиони денари се распределени на денешната свеченост за доделување на договори на 12 невладини организации и асоцијации, за спроведување на проекти со кои ќе се поттикне локалната и регионалната конкурентност во туризмот. Овие средства се доделени преку Проектот за локална и регионална конкурентност кој се спроведува преку заедничка соработка на Владата на Република Македонија, Делегацијата на Европската Унија и канцеларијата на Светска банка.

English

Средба на вицепремиерот Aнѓушев со новопоставената директорка на УСАИД Биркл

30 јануари 2019

Заменикот претседател на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев, оствари средба со амбасадорот на САД во Република Македонија, Н.Е. г-дин Џес Бејли, кој беше придружуван од новата директорка на канцеларијата на УСАИД за Македонија г-ѓа Гречен Биркл.

English

Вицепремиерот Aнѓушев и директорот Mладеновски во увид на градежни работи во ТИРЗ Скопје 1 и 2 – седумнаесет странски инвестиции се во фаза на реализација

29 јануари 2019

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев и директорот на Дирекцијата на технолошко индустриските развојни зони Александар Младеновски, денес ги посетија зоните во Бунарџик и извршија увид во градежните работи на компанијата Дура Аутомотив во ТИРЗ Скопје 2. 

English

Премиерот Заев и вицепремиерот Анѓушев од Велес: По ратификацијата на Преспанскиот договор пристигна потврда за 4 нови инвестиции - ја промовираме Република Македонија како земја со квалитетни работници кои треба да бидат добро платени

26 јануари 2019

„Со истата храброст со којашто го решивме спорот со името и ги отворивме вратите за членство на земјата во НАТО и ЕУ ќе влеземе во засилување на економијата за подобар животен стандард на нашите граѓaни“, порача претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев пред граѓаните на Велес на првата од серијалот трибини со граѓаните „Силна економија – шанса за сите“ на којашто заедно со заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, Кочо Анѓушев отворија дебата со велешани за економските остварувања и очекувања.

English

Pages

Subscribe to RSS - Почетна