Почетна

Од 14-тата седница на Владата: Утврден Закон за финансиска поддршка за исплата на платите за месеците октомври, ноември и декември 2020година од Ковид економските мерки; Одлуки за разрешувања и именувања на директори и членови на УО на јавни претпријатијa

22 октомври 2020


На денешната 14-та седница на Владата на Република Северна Македонија утврден е Предлог на Закон за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено економската криза предизвикана од вирусот КОВИД-19, заради исплата на платите за месеците октомври, ноември и декември 2020 година.

Undefined

Средба на вицепремиерот Битиќи со ЕУ амбасадорот Гир – Членството во ЕУ е стратешки приоритет и процес од врвен национален интерес

22 октомври 2020


Заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, преку видео конференциска врска, денес одржа состанок со Шефот на делегацијата на Европската Унија во Скопје, амбасадорот Дејвид Гир, со кого разговараа за спроведувањето на реформи во нашата земја во насока на евро интеграцискиот процес, како и за унапредување на сите сфери на општественото живеење.

Undefined

Од 13-тата седница на Владата: Се ограничува работното време на угостителските објекти до 23 часот; Премиерот го прифати барањето да препорача разрешување на Димова од директорската функција на Националната агенција за европски образовни програми

20 октомври 2020


Владата на Република Северна Македонија на денешната 13-та седница ги разгледа и прифати препораките на Комисијата за заразни болести да се ограничи работно време на сите угостителски објекти до 23 часот, освен оние што вршат испорака, како и да се ограничи капацитетот на патници во возилата на јавниот превоз на 50% од вкупниот број на патници предвидени во едно возило.

Undefined

Средба на премиерот Заев со претставници на Градежната комора: Поздравени се определбите на премиерот Заев и на Владата за поддршка на работата на компаниите

19 октомври 2020


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, придружуван од министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, се сретна со претседателот на Градежната комора на Македонија, Ивица Јакимовски и со членови на Градежната комора при Сојузот на стопански комори на Македонија. На состанокот беше вклучен преку интернет (on line) и заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи.

Undefined

Од продолжението на 12-тата редовна седница на Владата: Одобрена финансиска поддршка за инвестициите на 49 компании во вкупен износ од 53,4 милиони евра

15 октомври 2020

Во продолжението на 12-тата редовна седница кое што се одржа денеска, Владата на Република Северна Македонија го разгледа извештајот на Агенцијата за странски инвестиции, дополнет со мислењето на Комисијата за евалуација за исполнетост на условите, за пристигнатите барања за склучување на Договор за доделување на финансиска поддршка на инвестициите пристигнати преку Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, согласно Законот за финансиска поддршка на инвестициите.

Undefined

Pages

Subscribe to RSS - Почетна