Почетна

Премиерот Заев и одборот на Македонија 2025: Фокус кон креирање на долгорочни политики за економски развој

4 ноември 2020


Вложувања во образование и зајакнување на човековиот капитал, иновации, инвестиции, подобрување на деловниот амбиент, почитување на демократските темели на општеството, борба со корупцијата и грижа за животната средина беа теми на онлајн состанокот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев и заменик-претседателот за економски прашања, Фатмир Битиќи со одборот на Македонија 2025, претседателката Вера Ставроф, Мајк Зафировски и Никица Мојсоска Блажевски, извршна директорка на Македонија 2025.

Undefined

Вицепремиерот Битиќи, министерот Бектеши и ЕУ амбасадорот Гир на промоција на проектот „Чаршиски туризам во општина Чаир“ – Инвестиции во Старата скопска чаршија за развој на туризмот и занаетчиството

4 ноември 2020


Денес во Старата скопска чаршија беше извршена промоција на потпроектот „Чаршиски туризам во општина Чаир“, кој се реализираше во рамките на „Проектот за локална и регионална конкурентност“, во заедничка соработка на Владата на Република Северна Македонија, Делегацијата на Европската Унија и општина Чаир, со поддршка на канцеларијата на Светска Банка во Скопје.

Undefined

Вицепремиерот Битиќи во посета на компанијата Хај Тек во Орешани – Инвестираме во поддршка на технолошкиот развој на компаниите, нивната конкурентност на меѓународни пазари и развојот на човечкиот потенцијал

31 октомври 2020


Заменикот на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, во рамки на серијата посети на компании со кои Владата има склучено договори за финансиска поддршка, денес ја посети компанијата Хај Тек Корпорејшн, лоцирана во населбата Орешани во општина Зелениково.

Undefined

Продолжува јавно-приватниот дијалог помеѓу Владата и стопанството – Сите политики, закони и мерки важни за стопанството се дискутираат со стопанските комори за да се максимизира нивниот ефект

30 октомври 2020


Денес во Владата на Република Северна Македонија се одржа седница на комисијата за јавно приватен дијалог, со која претседаваше заменикот на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, а на која присуствуваа и министерот за финансии, Фатмир Бесими, министерот за економија Крешник Бектеши, директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски, како и претседателите на најголемите четири стопански комори Бранко Азески (Стопанска комора на Макеоднија), Данела Арсовска (Сојуз на стопански комори), Неби Хоџа (Стопанска комора на северозападна Македонија) и Анета Антова Пешева (МАСИТ).

Undefined

Pages

Subscribe to RSS - Почетна