Почетна

Вицепремиерот Битиќи во посета на компанијата Хај Тек во Орешани – Инвестираме во поддршка на технолошкиот развој на компаниите, нивната конкурентност на меѓународни пазари и развојот на човечкиот потенцијал

31 октомври 2020


Заменикот на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, во рамки на серијата посети на компании со кои Владата има склучено договори за финансиска поддршка, денес ја посети компанијата Хај Тек Корпорејшн, лоцирана во населбата Орешани во општина Зелениково.

Undefined

Продолжува јавно-приватниот дијалог помеѓу Владата и стопанството – Сите политики, закони и мерки важни за стопанството се дискутираат со стопанските комори за да се максимизира нивниот ефект

30 октомври 2020


Денес во Владата на Република Северна Македонија се одржа седница на комисијата за јавно приватен дијалог, со која претседаваше заменикот на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, а на која присуствуваа и министерот за финансии, Фатмир Бесими, министерот за економија Крешник Бектеши, директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски, како и претседателите на најголемите четири стопански комори Бранко Азески (Стопанска комора на Макеоднија), Данела Арсовска (Сојуз на стопански комори), Неби Хоџа (Стопанска комора на северозападна Македонија) и Анета Антова Пешева (МАСИТ).

Undefined

Вицепремиерот Битиќи и директорот на АСИПИ Павлески: Со посветеност ќе работиме за заедничката цел и должност, развој на економијата и подобрување на условите за инвестирање во земјава

29 октомври 2020


Заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, денес ја одржа првата работна средба со новоименуваниот в.д. директор на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот (АСИПИ), Дејан Павлески, со кого разговараше за политиките и плановите на Владата за привлекување на нови инвестиции и поддршката на компаниите за технолошко-технички развој со крајна цел создавање на поконкурентна економија.

Undefined

Ажурирани протоколите за заштита од КОВИД-19

29 октомври 2020

Протоколите што ги опфаќаат мерките и препораките за заштита и превенција од КОВИД-19, согласно одлуките на Владата на Република Северна Македонија, се дополнети и ажурирани со последните усвоени измени и дополнувања со кои се регулираат повеќе области.

Undefined

Pages

Subscribe to RSS - Почетна