„Се чувствувам оптимист во врска со агендата на Организацијата за економска соработка и развој (OECD) која вклучува интензивен и одржлив пристап кон инклузивно закрепнувањето од Ковид - 19. На Северна Македонија и е неопходен ваков вид платформа со цел да се придвижиме напред кон глобално признатите стандарди и амбиции, и затоа го гледам новиот центар на OECD во Истанбул како извонредна можност за споделување на подобри вредности, создавање на подобри идеи и учење на подобри стратегии со цел да се добијат подобри економски перформанси и подобро општество со поголема благосостојба“, потенцираше заменикот на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи