Почетна

Вицепремиерот Aнѓушев и Министерот Бектеши на јавна расправа за подзаконски акти од Законот за енергетика – се создаваат услови за зголемување на производството од обновливи извори на енергија

Вицепремиерот Aнѓушев и Министерот Бектеши на јавна расправа за подзаконскиЗаменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев и министерот за економија м-р Крешник Бектеши, учествуваа на јавната расправа, на која беа презентирани предлог текстовите на Правилникот за обновливи извори на енергија и Уредбата за мерките за поддршка на производството на електрична енергија од обновливи извори на енергија, подзаконски акти кои произлегуваат од новиот Закон за енергетика.

Потпишани договори за нови инвестиции во преносната мрежа на АД МЕПСО во висина од 18 милиони евра

Денеска во Владата на Република Македонија, во организација на АД МЕПСО се одржа настан посветен на потпишување договори со 5 реномирани компании за нови инвестиции во преносната мрежа со којашто управува операторот на електро преносниот систем на Република Македонија АД МЕПСО, во вкупен износ од 18 милиони евра. 

Владата на Република Македонија го усвои Анекс договорот бр. 3 со компанијата Синохидро – решени проблемите на автопатот Кичево-Охрид, заштедени 95 милиони евра народни пари

По една година преговори помеѓу Владата на Република Македонија и кинеската компанија Синохидро, главниот изведувач на работите на автопатската делница Кичево-Охрид, денес на Владина седница е усвоeн анекс договорот бр. 3, преку кој се финализираат преговорите и се изнајде решение за сите проблеми наследени од претходната Влада. 

Вицепремиерот Aнѓушев и Mинистерот Николовски на Конференција за осигурување во земјоделството – јасна регулатива, повисока свесност и високо ниво на професионалност потребни да се подобри состојбата во осигурувањето во земјоделскиот сектор

Реформи во осигурувањето во земјоделството, интервенции во законските норми кои ја регулираат оваа дејност, јасни правила и поголема информираност на земјоделците се главните поенти на денешната „Конференција за осигурување во земјоделството“, која ја отворија вицепремиерот за економски прашања д-р Кочо Анѓушев и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

Енергетската заедница нотираше напредок во енергетските реформи – усвојувањето на новиот Закон за енергетика е огромен чекор напред

„Усвојувањето на новиот Закон за енергетика, кој е усогласен со Третиот енергетски пакет, е огромен чекор напред кој го направи Република Македонија, а со кој се овозможува правна рамка за воспоставување на „Ден однапред пазарот на електрична енергија“ и спојување на енергетските пазари.

Pages

Subscribe to RSS - Почетна