Почетна

Вицепремиеорот Битиќи за порталот Фактор : Прераснуваме во економија на можности, на старт-апи, во земја на иновации!

26 јули 2021


“Условите за започнување на нов бизнис и создавање на старт-апи се подобруваат, а младиот претприемач полека, но сигурно, го зазема централното место во домашната економија. Новите, иновативни бизниси се моторот на денешницата во современите економии. Ние сме на вистинскиот пат да изградиме систем и политики кои ќе ги поддржуваат нашите претприемачи, да се охрабрат и да почнат да ги реализираат своите идеи“, потенцира заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, во колумната за порталот Фактор.

Undefined

Вицепремиерот Битиќи и директорот Петров го презентираа јавниот повик за дигитален AI асистент, кој ќе се користи за потребите на програмите за државна помош на Владата

23 јули 2021


Заменикот на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Коста Петров, на заедничка прес конференција, го презентираа  јавниот повик за дигитален AI асистент, кој ќе се користи за потребите на програмите за државна помош на Владата на Република Северна Македонија кои се реализираат преку Планот за економски раст.

Undefined

Вицепремиерот Битиќи во посета на Алкалоид во Скопје – Успехот на домашните компании е успех за целата држава, овозможуваме поддршка за побрз раст и развој на економијата

21 јули 2021


Заменикот на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, реализираше работна посета на компанијата Алкалоид Скопје, каде оствари средба со генералниот извршен директор и претседател на Управниот одбор, Живко Мукаетов,  кој ги презентираше историјатот и развојните планови на компанијата и заеднички извршија обиколка на дел од производствените погони.

Undefined

Влада: Продолжува трендот на раст на платите, во мај просечната плата изнесувала 28.721,00 денари

20 јули 2021


Континуирано расте просечната исплатена нето плата во државата. Согласно податоците на Државниот завод за статистика, во мај годинава просечната месечна исплатена нето плата по вработен изнесува 28.721,00 денари.  Во однос на мај 2020 година, регистрирано е зголемување од 8,8% или 2.331,00 денари за една година.

Undefined

Од 88-мата седница на Владата: Утврден Предлог-законот за опојни дроги; Започнува затворањето на дивите депонии во источниот и североисточниот регион; Се проширува опфатот за финансиска поддршка на инвестициите

19 јули 2021


Владата на Република Северна Македонија на денешната 88-ма седница го утврди текстот на Предлог-законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции во кој се транспонирани повеќе рамковни одлуки и директиви на Европскиот Парламент и на Европскиот Совет за усогласување на оваа дејност со регулативата на ЕУ, како и со повеќе конвенции како што се Единствената конвенција за наркотични дроги на Обединетите нации од 1961 година со Протокол за дополнување од 1972; Конвенцијата за психотропни супстанции на Обединетите нации од 1971 година и Конвенција на Обединетите нации против недозволена трговија со опојни дроги и психотропни супстанции од 1988 година.

Undefined

Pages

Subscribe to RSS - Почетна