Почетна

Заев, Битиќи и градоначалникот на Вевчани Јанкоски: Вевчани и регионот добија туристички центар според стандардите на најмодерните европски општински средини

29 август 2021


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, заедно со заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестициите Фатмир Битиќи и со градоначалникот на Општина Вевчани Сашо Јанкоски, денеска извршија увид во комплетно опремениот Туристички центар во реновираното поранешно училиште „Страшо Пинџур“ во Вевчани.

Undefined

Учесниците во далечинско пливање во Охрид ја оправдаа одлуката на ФИНА нашата земја да биде организатор на оваа олимписка дисциплина

28 август 2021 година


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев се обрати на свеченото доделување на наградите на финалето на Светскиот куп во олимписката дисциплина далечинско пливање 10 километри што се одржа во Охрид во организација на Пливачката федерација на Северна Македонија со поддршка на Светската пливачка федерација (FINA).

На овогодинешниот Светски куп во далечинско пливање во  Охрид учествуваа над 50 машки и женски натпреварувачи од земјата и светот, а Светската пливачка федерација на премиерот Заев му врачи плакета во знак на благодарност за поддршката за организација на ова натпреварување во Северна Македонија како земја која е препознаена како една од петте земји во светот во кои годинава за прв пат се организира официјална трка.

Undefined

Вицепремиерот Битиќи на настан по повод „Денот на рударите“ во РЕК Битола – Платите во рударскиот сектор се за 36,8% повисоки од просечните, се заложуваме за развој на рударството според најсовремените светски стандарди



27 август 2021 година

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, на покана на АД Електрани на Северна Македонија, денес присуствуваше и се обрати на настанот по повод „Денот на рударите“, кој се одржа во кругот на Рударско енергетскиот комбинат Битола. Освен вицепремиерот Битиќи, на настанот се обратија и генералниот директор на ЕСМ Васко Ковачевски и директорот на РЕК Битола Златко Ќурчиевски.

Вицепремиерот Битиќи го честиташе „Денот на рударите“, на сите рудари вработени во рударско енергетските комбинати Битола и Осломеј, како и во сите други рудници во земјата, при што порача дека заложбите на Владата се  рударството како гранка да продолжи да се развива во согласност со најдобрите достапни техники и технологии, како и со меѓународните договори кои ги имаме потпишано за исполнување на светските стандарди за грижата за животната средина, условите за работа, но и животниот стандард на рударите во нашата земја.

Undefined

Заев: Мостот на „Љубљанска“ е од исклучителна потреба на граѓаните, со изградбата поврзуваме два дела од градот во кои постои огромна динамика



26 август 2021 година

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев денеска присуствуваше на настанот по повод отпочнувањето на изградбата на мостот на улицата „Љубљанска“.

На настанот, на кој присуствуваа и првиот заменик-претседател и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, заменик-претседателот за економски прашања Фатмир Битиќи, градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев, претставници на менаџерскиот тим на компанијата ТАВ, премиерот Заев истакна дека изградбата на мостот на улицата „Љубљанска“ е уште еден чекор со кој главниот град на нашата држава Скопје станува една поинаква приказна.

Undefined

Вицепремиерот Битиќи и градоначалникот Георгиевски на увид на градежните активности на проектот за изградба на фекална канализација во Јурумлери – Се реализира најголемиот проект во Гази Баба во последните 20 години



25 август 2021 година

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски, придружувани од генералниот директор на ТАВ Македонија, Метин Батак денес извршија увид во градежните активности за изградба на вакуумската фекална канализација со пречистителна станица во населбата Јурумлери, кој е еден од 94-те проекти од ТАВ програмата за поддршка на општините.

Undefined

Pages

Subscribe to RSS - Почетна