Почетна

Од 101-вата седница на Владата: Изменети и дополнети мерките за организирање спортски натпревари и други настани; Усвоени планот и протоколите за настава во основното и средното образование со физичко присуство



24 август 2021 година

На денешната 101-ва седница, Владата на Република Северна Македонија донесе измени и дополнувања на мерките за спречување на ширењето на КОВИД-19 според кои се дозволува организирање и одржување на спортски натпревари со присуство на публика, настани од културата, работа на ресторани, кафетерии, кладилници, обложувалници, концерти, семинари, работилници и други настани на затворено со 30% од капацитетот на просторот, а на отворено до 50 % од капацитетот, со почитување на протоколите и мерките за заштита од КОВИД-19, со поседување сертификат за примена на најмалку прва доза вакцина или сертификат за прележаност не постар од 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.

Undefined

Премиерот Заев: Над 70 работни места и бруто плати од околу 2.000 евра со новата прва јужнокорејска инвестиција во земјава

18 август 2021


„Новата инвестиција ќе донесе нови и добро платени работни места, што е од голема важност за економскиот раст во земјава. Остануваме посветени на подигнување на стандардот и условите за живот во Северна Македонија“, рече премиерот Зоран Заев во своето обраќање по повод означување на почетокот на новата прва јужнокорејска инвестиција во нашата земја, од страна на компанијата „Алмак-Дура Екстружн“ во Технолошко-индустриската развојна зона - Скопје 2.

Undefined

Вицепремиерот Битиќи и директорот Петров го презентираа јавниот повик за кофинансирани грантови за комерцијализација на иновации–8 милиони евра финансиска поддршка се достапни за иновативни проекти на македонските компании

18 август 2021


Заменикoт на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и директорот на Фонд за иновации и технолошки развој Коста Петров, денеска на заедничка прес конференција го презентираа јавниот повик за ко-финансирани грантови за комерцијализација на иновации, за кој се обезбедени 8 милиони евра за македонските компании кои ќе аплицираат со проекти за комерцијализација на иновациите.

Undefined

Македонија е подготвена за новиот бран на Kовид 19, од утре нови мерки

14 август 2021

Владата на Северна Македонија одлучи од утре, во секоја организирање каде што се присутни повеќе од 30 лица, на влезот да се бара доказ за вакцинација, со најмалку една доза. Но, се размислува да се дозволи влез за оние кои го прележале КOVID 19 и да докажува со PCR тест.

Undefined

Pages

Subscribe to RSS - Почетна