Почетна

Премиерот Заев: Се грижиме за граѓаните, со отписот на камати се опфатени 150 илјади лица од ранливите категории

29 јуни 2021


Претседателот на Владата, Зоран Заев денеска на прес-конференција, во присуство на заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, министерот за финансии Фатмир Бесими и министерот за правда Бојан Маричиќ, го презентираше Предлог-законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на граѓаните во услови на КОВИД-19, чиј текст беше утврден на денешната, 83-та седница на Владата. 

Undefined

Битиќи, Милевски и амбасадорката Зутер Техада на промоција на електронскиот систем sirera.mk

28 јуни 2021


Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, министерот за локална самоуправа Горан Милевски, заменикот министер за финансии, Димитар Ковачевски, амбасадорката на Швајцарската Конфедерација во Северна Македонија, Н.Е. Сибил Зутер Техада, градоначалници и претставници на државните и локалните власти, денес во Клубот на органите на државната управа присуствуваа на настан на кој беше промовиран дигиталниот „Систем за рамномерен регионален развој“ (sirеra.mk), којшто е развиен во рамките на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“.

Undefined

Вицепремиерот Битиќи и министерот Бесими на седница на Комисијата за јавно-приватен дијалог: Формираме посебен фонд за средствата од еколошка такса со кој ќе обезбедиме подобри услови за зелен развој

25 јуни 2021


Во рамките на континуираниот процес на дијалог и дискусија помеѓу Владата и преставниците на бизнис секторот, денес во Владата на Република Северна Македонија се одржа редовна седница на Комисијата за јавно приватен дијалог со која ко-претседаваше Заменикот на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, а присуствуваа и министерот за финансии Фатмир Бесими, директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, директорот на Бирото за јавни набавки, Борче Хаџиев, државната секретарка во Министерството за економија Размена Чекиќ Дуровиќ и претседателите и извршните директори на стопанските комори, членки на Платформата за јавно-приватен дијалог (Стопанска комора на Северна Македонија, Сојуз на стопански комори, Стопанска комора на Северозападна Македонија и МАСИТ).

Undefined

Вицепремиерот Битиќи на настан на Habitat for Humanity – Максимално сме посветени на создавање на солидарно, правично и општество за сите граѓани

24 јуни 2021


Заменикот на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, на покана на граѓанската организација Habitat for Humanity, присуствуваше на настан на кој беа посетени новите објекти со вкупно 48 станови за домување на лица во социјален ризик, изградени во Велес.

Undefined

Вицепремиерот Битиќи на доделување на признанија за придонес кон одржливиот развој - Постигнувањето на целите за одржлив развој ќе придонесат за повисок квалитет на живот и подобар животен стандард

24 јуни 2021


Заменикот на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, заедно со постојаната координааторка на ОН агенциите во Северна Македонија, Росана Дуџак, учествуваше на настан на здружението Конект, на кој беа доделени признанија на поединци, компании и бизнис лидери за придонесот кон остварувањето на Целите за одржлив развој.

Undefined

Pages

Subscribe to RSS - Почетна