Почетна

Од 66-та седница на Владата: Донесен 6-от пакет антикризни економски мерки; Продолжени мерките за ограничување на движењето до 27 април; Усвоен колективниот договор за високо образование и наука;

20 април 2021


Владата на Република Северна Македонија на денешната 66-та седница го усвои Шестиот пакет антикризни економски мерки вреден 17,8 милиони евра за поддршка на дејностите кои беа целосно затворени со цел превенирање на ширењето на корона вирусот во текот на месец април 2021, како и за подобрување на ликвидноста на компаниите кои инвестираат во текот на 2021 година.

Undefined

Презентиран шестиот пакет на економски мерки – Таргетирана поддршка од 17,8 милиони евра за 10 илјади фирми и 60 илјади вработени

20 април 2021


Шестиот пакет на мерки, усвоен на денешната 66-та седница, опфаќа 7 мерки со кои се таргетирани најпогодените сектори од корона кризата, со вредност од 17,8 милиони евра, пришто ќе се поддржат 10 илјади компании, кои вработуваат околу 60 илјади граѓани, соопштија заменикот на претседателот на Владата  задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции,  Фатмир Битиќи, министерот за финансии Фатмир Бесими, министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на Развојната банка, Кире Наумов на заедничката прес конференција.

Undefined

Проект Зајакнување на националните капацитети за ублажување и адаптација кон климатските промени и финализирање на работната програма за Република Северна Македонија:Објавување на барање за понуди за обуки

19 април 2021

Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите Нации - ФАО во рамките на проектот Зајакнување на националните капацитети за ублажување и адаптација кон климатските промени и финализирање на работната програма за Република Северна Македонија кој го спроведува со Кабинетот на Заменик претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за економски прашања, координација на економски ресори и инвестиции, ги поканува сите заинтересирани фирми кои спроведуваат обуки за Проектен менаџмент во согласност со  PMBOK® стандардите (PMBOK® Упатство 6-то издание) од Институтот за проектен менаџмент да достават понуди според насоките дадени во барањето за понуди. Приложен е и образец кој треба да се користи при подготвување на понудите. 

Undefined

ЗПВРСМ Битиќи и НК Забрчанец на средба со Асоцијацијата на ивент индустријата ИВАП – Следната недела ќе биде објавен јавниот повик за финансиска поддршка од 1 милион евра за компаниите да можат да реализираат настани од јавен интерес со домашни изведувачи

17 април 2021


Заменикот на претседателот на Владата  задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции,  Фатмир Битиќи  и националниот координатор за стратегиски комуникации, Марјан Забрчанец, денес имаа средба со претставници на Асоцијацијата на ивент индустријата (ИВАП), која здружува дел од операторите кои организираат настани, при што разговараа за досегашните мерки за поддршка на компаниите од оваа дејност, како и за идните планирани мерки за поддршка во услови на кризата предизвикана од коронавирусот.

Undefined

Вицепремиерот Битиќи на средба со директорката Лукаревска: УЈП е еден од најважните столбови на економијата и успешно одговора на предизвикот за дигитализацијa и давање квалитетни услуги на обврзниците

16 април 2021


Заменикот на претседателот на Владата  задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции,  Фатмир Битиќи   и директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, денес остварија работна средба на која разговараа за даночните  активностите и предизвиците  на Управата.

Undefined

Pages

Subscribe to RSS - Почетна