Почетна

Вицепремиерот Битиќи и директорот Деспотовски во посета на Гентерм во Прилеп – Владата како никогаш до сега води грижа за странските и домашните инвеститори и за вработените во компаниите

12 февруари 2021


Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, заедно со директорот на дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони, Јован Деспотовски и градоначалникот на Прилеп, Илија Јовановски ја посетија фабриката Гентерм, која работи во ТИРЗ Алинци.

Undefined

Вицепремиерот Битиќи во Економски магазин на Алсат: Недела ќе биде законски дефинирана како неработен ден, ова ќе ја зголеми продуктивноста но и благосостојбата на сите граѓани

11 февруари 2021


Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи гостуваше во емисијата „Економски магазин“ на телевизија Алсат, каде заедно со претседателката на Сојузот на стопански комори Данела Арсовска и претседателот на Сојузот на синдикати, Дарко Димовски, дискутираа за новотo решение за Законот за работни односи и дефинирањето на недела како неработен ден, како и за одредени аспекти од најавениот петти сет на економски мерки.

Undefined

Вицепремиерот Битиќи, амбасадорката Галовеј и постојаните координаторки на ОН Дуџак и на УНДП Сахакјан на средба со претседателот на Собранието Џафери – Започнува првата фаза за креирање на Националната развојна стратегија

11 февруари 2021


Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, заедно со амбасадорката на Обединетото Кралство, Рејчел Галовеј, постојаната координаторка на ОН, Росана Дуџак и постојаната претставничка на УНДП Нарине Сахакјан, денес остварија средба со претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, кого го информираа за започнување на првата фаза на проектот Национална развојна стратегија 2021- 2041. Првата фаза од креирањето на овој стратешки документ ќе биде финансирана од Британската амбасада во Скопје, со техничка поддршка од страна на Организацијата на Обединетите нации преку УНДП, а  ќе резултира со методологија и оперативна структура која ќе се примени при развивањето на стратегијата, што ќе претставува втора фаза на проектот.

Undefined

Од 44-тата седница на Владата: Усвоена е Националната програма „2021 - Година во чест на Блаже Конески”; Инженерски единици од САД ќе пристигнат на Криволак за меѓународната вежба „Одлучен удар 21"

9 февруари 2021


На денешната 44-та седница во насока на определбата за отстранување на сите ризици по Охридското Езеро и Охридскиот регион, Владата ја разгледа и усвои Информацијата во врска со Проектот за колекторски систем од Радожда до Калишта – Струга и го задолжи Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со Министерството за финансии да обезбедат средства и да го вклучат овој проект како приоритетен за 2021 – 2022 година.

Undefined

Битиќи и Петров: Отворен првиот јавен повик на ФИТР за ко-финансирани грантови во 2021 година ; 6 милиони евра за микро, мали и средни компании за технолошки развој за забрзан економси раст

6 февруари 2021


Вкупно 6 милиони евра, се ставаат на располагање преку првиот јавен повик за ко-финансирани грантови на микро, малите и средни компании за технолошки развој и за забрзан економски раст, соопштија на денешната прес конференција заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Коста Петров.

Undefined

Pages

Subscribe to RSS - Почетна