Почетна

Продолжен рокот за доставување на писма за изразување на интерес – Индивидуален консултант за правна експертиза

8 април 2020

Единицата за спроведување на проектот “Локална и регионална конкурентност” објавува покана за изразување на интерес за извршување на консултантски услуги – индивидуален консултант за правна експертиза. Заинтересираните консултанти треба да достават биографија на англиски јазик и придружни документи најдоцна до 15 aприл 2020 (среда), пред 15:00 часот по локално време, на подолу наведената адреса.

English

Отсуството од работа ќе се докажува со потврда од градинка или училиште

11 март 2020

Министерството за труд и социјална политика ги повикува сите вработени и сите работодавачи строго да се придружуваат до мерките кои Владата на Република Северна Македонија ги донесе на седницата одржана на 10.03.2020 за превенција од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус).

English

Се прекинува воспитно-образовниот процес во детските градинки, основното, средното и високото образование, се забрануваат масовни јавни настани и организираните патувања во високо ризичните земји

10 март 2020

Владата на Република Северна Македонија на денешната 15-та редовна седница ја разгледа информацијата на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи за преземање дополнителни мерки и активности за превенција од ширење на корона вирусот по сугестија на Комисијата за заразни болести на Министерството за здравство, и ги донесе следните заклучоци:

English

Брифинг во Владата со главните уредници и уредници на медиумите за најновите мерки за спречување на ширењето на корона вирусот

10 март 2020


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски, заменичката претседателка во Владата задолжена за економските ресори, Мила Царовска, министерот за здравство, д-р Венко Филипче, министерот за образование и наука, Арбер Адеми, заменик министерот за труд и социјална политика, Ѓонул Бајрактар, и министерот задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, денеска одржаа брифинг со триесеттина главни уредници и уредници на медиуми и непосредно ги презентираа заклучоците на Владата на Северна Македонија од денешната, 15-тата редовна седница, за преземање дополнителни и заострени мерки и активности за превенција од ширење на корона вирусот по согласно информацијата на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи и на препораките на Комисијата за заразни болести на Министерството за здравство.

English

Владина делегација денес во поддршка на Маршот на родова рамноправност во организација на платформата за родова рамноправност

8 март 2020

Caption

Владата останува посветена сѐ до постигнување на целосната правична родова еднаквост и совладување конзервативните и застарени принципи за улогата на жената.

English

Pages

Subscribe to RSS - Почетна