Почетна

Заев:Инвестицијата на „Магна“ во Струга е потврда за добрите економски политики на Владата, планирани се над 1.200 работни места

30 јуни 2021


 

„Канадската компанијата „Магна“, донесе одлуката да инвестира и отвори фабрика во Северна Македонија, пред сѐ поради добрата и предвидлива деловна клима во земјава која ги задоволува долгорочните цели на компанијата“, рече премиерот Зоран Заев во своето обраќање по повод новата инвестиција на „Магна Интернационал“ кој ќе отвори фабрика во Технолошко-индустриската развојна зона во Струга.

Undefined

Вицепремиерот Битиќи на министерски состанок во рамки на Берлински процес – Целите на Берлинскиот процес се приоритет за Северна Македонија, затоа што ние сме Европа и по тој пат продолжуваме да одиме

30 јуни 2021


„Ние сме Европа. Сите земји од иницијативата Западен Балкан 6 (Берлински процес)  се Европа и јас силно верувам дека ако одиме заедно ќе одиме посилно и побрзо. И додека работиме кон заеднички регионален пазар, правиме чекор напред кон единствениот пазар на ЕУ што ќе ја зајакне нашата економска интеграција. Во таа насока на состанокот на Управниот одбор на Западен Балкан 6 - Форум за комори за инвестиции, ја презедов иницијативата за создавање на единствени, кохерентни политики за привлекување на странските директни инвестиции за сите сите земји, но исто така, создавање силен регионален синџир на вредности. Тоа ќе ја подобри нашата конкурентност многу повеќе отколку што може да направи секој од нас - индивидуално. Регионална конкурентност во однос на регионалната конкуренција. Ова, верувам дека е нашата иднина“, нагласи заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, на состанокот на министри за економија на земјите кои учествуваат во Берлинскиот процес, кој се одржа преку видео конференциска врска.

Undefined

Од 83-та седница на Владата: На 150 илјади граѓани им се отпишуваат долговите за камати кон јавните претпријатија и по други основи; Усвоени плановите за отворање на основните и средните училишта за настава со физичко присуство

29 јули 2021


Владата на Република Северна Македонија на денешната 83-та седница ги прифати одделните планови за одржување на наставата во основното и средното образование согласно одлуките на Министерството за образование и наука (МОН) со повторно отворање на училиштата во учебната 2021/2022 година.

Undefined

Владата донесе одлука за финансиска поддршка на 745 естрадни уметници погодени од корона кризата – Еднократна помош од 30.750 денари по лице, вкупно ќе бидат поддржани со 23 милиони денари

29 јуни 2021

 

На денешната, 83-та седница на Владата на Република Северна Македонија, донесена е одлука за доделување на финансиска поддршка на вкупно 745 естрадни уметници, со која за секое од лицата кои се пријавија и ги исполнија условите предвидени со јавниот повик ќе биде исплатена еднократна финансиска поддршка во износ од 30.750 денари по лице. На естрадните уметници кои беа погодени од корона кризата во наредните денови, вкупно ќе им бидат исплатени речиси 23 милиони денари (22.908.750,00 денари), со што е завршена уште една мерка од шестиот економски пакет.

Undefined

Со поддршка на Владата, преку Развојната банка ќе се вбризгаат дополнително 100 милиони евра капитал за поддршка на малите и средни претпријатија

29 јуни 2021


Претседателот на Владата, Зоран Заев, денеска на прес-конференцијата во присуство на заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, министерот за финансии Фатмир Бесими и министерот за правда Бојан Маричиќ, информираше за Одлуката донесена на денешната редовна, 83-та седница со која со поддршка на Владата, преку Развојната банка на Северна Македонија, која ќе ги пласира средствата преку деловните банки, ќе се вбризгаат дополнително 100 милиони евра евтин капитал во стопанството по исклучително ниски каматни стапки од 1,6%.

Undefined

Pages

Subscribe to RSS - Почетна