Почетна

Царовска: Поднесени 3.900 барања за користење на надоместок во случај на невработеност

3 мај 2020

Бројот на отпуштања поради кризата предизвикана од Ковид-19 до сега не е драстичен, а лицата коишто останале без работа веќе поднеле барања за користење на надоместок во случај на невработеност, или за влез во системот на социјална заштита согласно условите коишто ги исполнуваат. Ова во интервју за емисијата „Трилинг“, го изјави заменичката на претседателот на Владата за економски прашња, Мила Царовска.

English

Со дополнување на Уредбата за поддршка на платите за април и мај, се потврдува, гарантира и засилува владината политика за спас на работни места и за достоинствен приход и се оневозможува неправедно прекинување на работниот однос на работниците

1 мај 2020

Во продолжението на 48-мата седница на Владата на Република Северна Македонија што се одржа денеска, 1 мај, донесена е измена на Уредбата со законска сила за финансиска поддршка на работниците и работодавачите погодени од здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот, заради исплата на платите за месеците април и мај 2020 година.

English

Вицепремиерката Царовска: Честит Први мај - работниците се силата на државата од кои зависи нашиот заеднички напредок

1 мај 2020


Заменичката на претседателот на Владата задолжена за економски прашања Мила Царовска го честита меѓународниот ден на трудот - Први мај, на сите жени и мажи работници кои неуморно работат за да ја движат нашата земја напред.

English

Владата и синдикалните организации дефинираа предлози кои се добра основа за решение за спроведување на финансиската поддршка за платите на работниците и за зачувување на работните места

30 април 2020

Во Владата на Република Северна Македонија денеска се одржа состанок со кој претседаваше премиерот, Оливер Спасовски и на кој заедно со заменичката претседателка во владата задолжена за економските ресори, Мила Царовска, со министерката за финансии, Нина Ангеловска, министерот за економија, Крешник Бектеши, заменик министерот за труд и социјална политика, Ѓонул Бајрактар и дополнителната заменичка министерка за труд и социјална политика, Санела Шкријељ, остварија дијалог со претставниците на синдикатите и граѓанските организации за заштита на правата на работниците на кој се разговараше за уредбата за владината финансиска поддршка за исплата на платите на работниците и за спас на работните места.

English

Од 48-мата седница на Владата: Утврден пакетот мерки од областа на образованието во услови на КОВИД-19 криза; Учебната година продолжува и ќе заврши онлајн

30 aприл 2020

Владата на Република Северна Македонија на денешната 48-ма седница ја разгледа и усвои информацијата со пакет мерки од областа на образованието кои се однесуваат на спроведување на едукативен процес во услови на КОВИД-19 криза, на предлог на Министерството за образование и наука (МОН).

English

Pages

Subscribe to RSS - Почетна