Почетна

Владина делегација се сретнаа со вработените во „Еурокомпозит“ од Прилеп: Имаме понуда од инвеститори за трајно решение, за фабриката да продолжи да работи, на задоволство на вработените

30 март 2019

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, во рамките на работната посета во Прилеп, заедно со заменик претседателот на Владата на РСМ Кочо Анѓушев и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, во придружба на градоначалникот на Општина Прилеп Илија Јованоски, се сретнаа со вработените и менаџментот на акционерското друштво во државна сопственост „Еурокомпозит“.

English

Вицепремиерот Aнѓушев на свеченото отпочнување на Програмата за конкурентност на мали и средни претпријатија на ЕБОР – обезбедени 36 милиони евра европски средства за развој на компаниите

29 март 2019

Вкупно 36 милиони евра изнесува поддршката за малите и средни претријатија, која се овозможува преку Програмата за конкурентност на Западен Балкан на Европската банка за обнова и развој, средства кои се обезбедени од ЕБОР и ИПА средствата од ЕУ наменети за Република Северна Македонија.

Вицепремиерот за економски прашања д-р Кочо Анѓушев истакна дека преку оваа програма се обезбедуваат неповратни средства, грантови од Европската Унија во вредност од 6 милиони евра, како и кредити во вредност од 30 милиони евра, обезбедени од ЕБОР, за поддршка на конкурентноста на малите и средните претријатија кои работат во Република Северна Македонија.

English

Вицепремиерот Анѓушев во Студио 1 на 1 ТВ: Грција е традиционален економски партнер на Северна Македонија, со потпишување на договорот во преспа соработката дополнително се унапредува

28 март 2019

Во првите денови на април се очекува делегација на Владата на Република Грција, предводена од премиерот Алексис Ципрас да ја посети Република Северна Македонија, при што би се реализирале низа на заеднички активности, помеѓу кои и организација на бизнис форум помеѓу двете земји. Ова е позитивна придобивка од потпишувањето на Договорот од Преспа, која ќе доведе до унапредување на економската соработка помеѓу нашите земји, нагласи вицепремиерот Анѓушев во гостувањето во емисијата Студио 1 на 1ТВ, вчера вечер. 

English

Вицепремиерот Анѓушев на Меѓународна арбитражна конференција: Преку арбитражна постапка до поефикасно и побрзо решавање на споровите помеѓу компаниите

28 март 2019

Заменик претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања и координација на економските ресори се обрати на Меѓународната арбитражна конференција „Преку унапредување на арбитражното законодавство до подобро деловно опкружување“, која денес и утре се организира во Стопанската комора на Македонија.

English

Економскиот тим на Владата се сретна со претставникот на Германското стопанство Мертенс – Германија е најзначајниот економски партнер на Северна Македонија, 78% од германските компании во Северна Македонија би ги прошириле своите бизниси

28 март 2019

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, д-р Кочо Анѓушев, министерот за финансии д-р Драган Тевдовски, министерот за економија м-р Крешник Бектеши и директорот на ДТИРЗ Александар Младеновски, утринава остварија средба со директорот на делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија, г-дин Патрик Мертенс, со кого разговараа за наодите од анкетата која делегацијата ја спроведе во февруари оваа година, но и за економската соработка помеѓу двете земји и процесите преку кои оваа соработка се унапредува.

English

Pages

Subscribe to RSS - Почетна