Прашање 1
Прашање 1: Со првиот јавен повик, за дејноста која ја обавувам немам можност за кредитирање преку Развојната банка, а мојот бизнис е погоден од состојбата, имам значително намалени приходи, неликвиден сум.
Одговор: Со првиот јавен повик за кредитирање преку Развојата банка за кое што се обезбедени 5,7 милиони евра за бескаматни кредити таргетирани се најпогодените сектори и тоа угостителство, туризам и товарниот транспорт. Во вториот јавен повик за кредитирање преку Развојната банка што се планира да се објави околу средината на месец април за кое што се обезбедени дополнителни 8 милиони евра, нема да има ограничување по сектори/дејности, а исто така ќе биде бескаматен кредит, наменет зa микро, мали и средни претпријатија (микрокредитирање). Износот на кредитот ќе биде условен од бројот на вработени во компанијата. Вториот јавен повик е во подготовка, а за сите детали околу оваа кредитна линија како и за објавувањето на јавниот повик ќе бидете навремено и јавно известени.
Прашање 2
Прашање 2: Аплицирав за кредитирање преку Развојната банка на првиот јавен повик, но се уште нема одговор дали ми е одобрен.
Одговор: Од обработените барања (апликации) за кредитирање преку првиот јавен повик, во тек е потпишување на договори со 136 компании апликанти кои ги исполните условите. Развојната банка продолжува интензивно да работи на обработка на останатите барања заради утврдување на исполнетоста на условите и потпишување на договори со компаниите.
Прашање 3
Прашање 3: Мојата компанија има 260 вработени, но поради состојбата со корона вирусот компанијата има проблем со ликвидноста, работам за извоз, а во нареден период сакам да воведам нова производна линија за медицински средства. Дали има можност да добијам кредитирање преку Развојата банка и под кои услови ќе биде кредитирањето.
Одговор: Она што во моментов се работи за да стане достапно се средства од 50.9 милиони евра од Европската Инвестициона Банка, каде што Владата ќе се влучи во делот на субвенционирање на трошокот за камата. Со оваа мерка, Развојната Банка ќе понуди значително пониска каматна стапка кон деловните банки, кои пак, кон крајните корисници ќе може да понудат кредитите со каматни стапки од околу 1.5%. Кредитната линија ќе биде наменета за обезбедување на ликвидност за тековни обртни средства на компаниите, како и за обезбедување на капитал за поддршка на нови проекти, нови вработувања и зголемен извоз. Целна група се примарно мали и средни претпријатија чии услови на работење треба да се олеснат, но може да аплицираат и претпријатија до 1.000 вработени.
Прашање 4
Прашање 4: Има случаи на вработени кои се плашат од ситуацијата и неоправдано отсуствуваат од работа. Би ве замолиле за појаснување на Уредбата за субвенционирање на придонесите, но и појаснување како да постапиме со ваквите случаи на вработени, бидејки во целост се почитуваат мерките на Владата за спречување од ширење на заразата од една страна, меѓутоа навистина се бориме работниот процес непрекинато да функционира со зголемен обем на работа поради настанатата ситуација. Ако им прекине работниот однос без отказен рок, за кој воедно се во целост исполнети условите, фирмата е ставена во незавидна позиција бидејки ќе нема право на субвенции, но истото не е предвидено во Уредбата за субвенционирање. Односно согласно Уредбата за субвенционирање на 50% од придонесите, нема фирмата да има право на субвенции ако не го задржи истиот број на вработени со состојба 31.03.2020 година (член 4, став 2 точка б од Уредбата).
Одговор: Работодавачот кој побарува финансиска поддршка не смее бројот на вработени, да го намали за месец април, мај и јуни 2020 година во однос на бројот на вработени со состојба на 31 март 2020 година, земајќи ги во предвид и вработените преку приватна агенција за вработување, освен во случај на пензионирање или смрт. Дополнително укажуваме дека по завршување на вонредната состојба и мерките и препораките усвоени од Владата, работодавачот може на работникот да му го откаже договорот за вработување без отказен рок во случаите на кршење на работниот ред и дисциплина, или неисполнување на работните обврски утврдени со овој или друг закон, колективен договор, правила за работниот ред и дисциплина и договорот за вработување, а особено ако работникот неоправдано изостане од работа три последователни работни дена или пет работни дена во текот на една година.
Прашање 5
Прашање 5: Кои се условите да се добие субвенционирање на 50% од придонесите за месеците април, мај и јуни?
Одговор: Компаниите кои сакаат да аплицираат за да ја користат мерката за субвенционирање на 50% од придонесите, треба да исполнуваат услов приходите да им бидат намалени за најмалку 30% споредбено со просекот за 2019 година. Втор услов е бројот на вработени за месеците април, мај и јуни 2020 година да не биде помал од бројот на вработени со состојба на 31.03.2020 година и да не исплатува дивиденди и бонуси од денот на објавување на уредбата до денот на поднесување на годишна сметка/финансиски извештаи за 2020 година.
Доколку, компаниите се регистрирани само неколку месеци се зема просекот од периодот во којшто функционираат. Ако компанијата има сезонска работа се зема просекот од кварталот/сезоната која е релевантна од претходната година.
Прашање 6
Прашање 6: Дали финансиска поддршка за исплата на плата во износ до 14.500 денари се однесува на нето платата што треба да ја исплати работодавачот како минимална нето плата или се однесува на бруто платата во висина до 14.500 денари.
Работодавачите ќе добиваат по 14.500 денари нето по вработен месечно и ова не е плата, туку износ на финансиска поддршка која секоја компанија може да ги искористи.
Прашање 7
Прашање 7: Кога и како ќе може да аплицира за финансиска поддршка за исплата на плата од 14.500 по вработен?
Одговор: Компаните можат да аплицираат за да ја користат мерката за месец Април доколку го исполнат критериумот дека приходите им се паднати за 30% споредбено со просекот за 2019 година. Втор услов е да немаат исплатено дивиденди и бонуси од денот на објавување на уредбата до денот на користење на помошта и третиот услов е 10 % од вработените да немаат плата над 120.000 денари.
Доколку компаниите се регистрирани во само неколку месеци се зема просекот од периодот во којшто функционираат. Ако компанијата има сезонска работа се зема просекот од кварталот/сезоната која е релевантна од претходната година.
Компаниите можат да аплицираат за сите работници кои имаат нето плата до 39.900 денари, за вредност до една и пол месечна плата.
Процесот на аплицирање за компании се одвива преку онлајн системот Е-Даноци на Управата за јавни приходи каде компаниите пополнуваат електоронско барање до 5-ти во месецот дека ги исполнуваат условите.
При тоа се дава Изјава под морална и кривична одговорност дека се паднати приходите на компанијата за повеќе од 30%. Во рок од 3 дена, Управата за Јавни приходи ги известува повратно компаниите за комплетноста на барањето. Потоа, компаниите во МПИН образецот, којшто го пополнуваат на месечно ниво за исплата на платите, означуваат за кој работник побаруваат помош.
Во образецот означуваат 619 само ако ја користат мерката за нето плата од 14.500 денари или 621 ако ја користат мерката-Субвенционирање за покачување на плати до 6.000 денари. По аплицирањето, до 13-ти во месецот секоја од компаниите ќе ги добие средствата на нивната сметка.
Откако, финансиските средства ќе пристигнат на сметка на компанијата, работодавецот е должен најдоцна до 15-ти во месецот да ги исплати платите на своите вработени за кои аплицирал за мерката финансиска поддршка од 14 500 денари за исплата на плата.
Прашање 8
Прашање 8: Во кој рок треба да се достават пресметките за придонеси за плата за да можат да ја користат мерката? Немало во Уредбата дефинирано дали останува до 5-ти во тековниот месец, за претходниот месец како што првично било објавено на прес.Исто така, за Член 9 од Уредбата, прва алинеја не дефинира дали резултатот од работењето од 2020 треба да биде позитивен или негативен, односно дали ќе биде добивка или загуба, па да знаат дали ќе треба да враќаат средства назад во буџетот.
Одговор: Во однос на рокот за поднесување на МПИН образецот за пресметка на плата, во член 5 точка 5 од самата Уредба за мерката за финансиска поддршка, е наведено дека Роковите за поднесување на МПИН образецот до Управата за јавни приходи и исплатата на платата, данокот на доход и социјалните придонеси е уредено согласно постоечките закони за исплата на плата.
Во однос на враќањето на средствата, во член 7 од Уредбата е наведена обврската за враќање на средствата.
Работодавачот кој го искористил правото на финансиска поддршка за исплата на плати, има обврска примените финансиски средства да ги врати во Буџетот на Република Северна Македонија, но најмногу до износот од 50% од остварениот финансиски резултат за 2020 година зголемен за износот на оданочивите расходи и помалку искажаните приходи во Даночниот биланс за обврзниците на данокот на добивка.
Работодавачот кој има негативни резултати во работењето, а го искористил правото на финансиска поддршка нема обврска да ги врати средствата.
Прашање 9
Прашање 9: Обврзник сум на годишен данок на вкупен приход. Може ли да ми го објасните делот за враќање на парите добиени за финансиска поддршка за плата како 50% од остварениот финансиски резултат? Ве молам да ми дадете примери за да го разберам? Дали ако остварам загуба треба да вратам?
Одговор:
ЗАГУБА - Обврзник на годишниот данок на вкупен приход кој искористил мерка за финансиска поддршка во износ од 14.500 месечно по вработен, НЕМА да ги враќа примените средства од финансиски средства ако искажал ЗАГУБА како финансиски резултат во Билансот на успех за 2020 година.
ДОБИВКА - Примената финансиска поддршка, обврзник на годишниот данок на вкупен приход би ја вратил ако искажал ДОБИВКА како финансиски резултат во Билансот науспех за 2020 година, но максимирано најмногу до износот од 50% ДОБИВКАТА пред оданочување.
Пример:
- Добиена финансиска поддршка за 2 работници
за месеците април и мај 2020 година
[(2 х 14.500) х 2] = 29.000 х 2 58.000 - Добивка пред оданочување во Билансот на успех 33.500
- 50% од Добивката пред оданочување во Билансот на успех
(33.500 х 50%) 16.750 - Работодавачот обврзник на годишниот
данок на вкупен приход би вратил вкупно
(на три рати, по 5.500 месечно, во месеците
април, мај и јуни 2021 година) 16.500 - Износ кој работодавачот обврзник на годишниот
данок на вкупен приход НЕМА да го врати
(58.000 – 16.500) 41.250
Варијанта:
- 2. Добивка пред оданочување во Билансот на успех 150.000
- 3. 50% од Добивката пред оданочување во Билансот на успех
(150.000 х 50%) 75.000 - 4. Работодавачот обврзник на годишниот
данок на вкупен приход би го вратил вкупниот износ
на примена финансиска поддршка
(на три рати, по 19.333 месечно, во месеците
април, мај и јуни 2021 година) 58.000
Правило:
Вкупниот износ на примена финансиска поддршка би ги вратил
САМО оној работодавач, обврзник на годишниот данок на вкупен
приход кој би остварил ДОБИВКА пред оданочување ДВОЈНО
повисока од примената финансиска поддршка (58.000 х 2) 116.000
Прашање 10.1
Прашање 10.1.: Обврзник сум на данок на добивка. Може ли да ми го објасните делот за враќање на парите добиени за финансиска поддршка за плата како 50% од остварениот финансиски резултат? Ве молам да ми дадете примери за да го разберам? Дали ако остварам загуба треба да вратам?
Одговор:
ЗАГУБА (ДАНОЧНА ОСНОВА = НУЛА)
Обврзник на данокот на добивка кој искористил мерка за финансиска поддршка во износ од 14.500 месечно по вработен, НЕМА да ги враќа примената финансиски средства ако искажал ЗАГУБА како финансиски резултат во Билансот науспех за 2020 година, која е повисока од оданочивите расходи во Даночниот биланс.
Овој обврзник не формирал даночна основа за оданочување на добивката на АОП 40 од Даночниот биланс за оданочување на добивка – образец ДБ за 2020 година.
ДОБИВКА (ФОРМИРАНА ДАНОЧНА ОСНОВА)
Напомена: ФИНАНСИСКИ РЕЗУЛТАТ (ДОБИВКА или ЗАГУБА пред оданочување)
+ Оданочивите расходи ја формираат ДАНОЧНАТА ОСНОВА за данок на добивка
Примената финансиска поддршка, обврзник на данокот на добивка би ја вратил ако искажал ДАНОЧНА ОСНОВА во Даночниот биланс за 2020 година (АОП 40), но максимимално најмногу до износот од 50% од ДАНОЧНАТА ОСНОВА.
Пример:
- Добиена финансиска поддршка за 5работници
за месеците април и мај 2020 година
[(5 х 14.500) х 2] = 72.500 х 2 245.000 - Даночна основа во Даночниот биланс за 2020 година 68.000
- 50% од Даночна основа во Даночниот биланс за 2020 година 34.000
(68.000 х 50%) - Работодавачот обврзник на данокот на добивка 17.000
би вратил вкупно
(на три рати, по 5.667 месечно, во месеците
април, мај и јуни 2021 година) - Износ кој работодавачот обврзник на данокот
на добивка НЕМА да го врати
(245.000 – 17.000) 228.000
Варијанта:
- 2. Даночна основа во Даночниот биланс за 2020 година 950.000
- 3. 50% од Даночна основа во Даночниот биланс за 2020 година
(950.000 х 50%) 475.000 - 4. Работодавачот обврзник на данок на добивка
би го вратил вкупниот износ
на примена финансиска поддршка
(на три рати, по 81.667 месечно, во месеците
април, мај и јуни 2021 година) 245.000
Правило:
Вкупниот износ на примена финансиска поддршка би ги вратил
САМО оној работодавач, обврзник на данокот на добива
кој би искажал ДАНОЧНА СОНОВА за данокот на добивка
ДВОЈНОповисока од примената финансиска поддршка (245.000 х 2) 490.000
Прашање 10.2
Прашање 10.2: Занаетчија- самостоен вршител на дејност како може да аплицира за мерката за плата од 14.500 денари за месец април и мај.
Одговор: Лице кое врши занаетчиска дејност – барател на финансиска поддршка поднесува Барање за финансиска поддршка за исплата на финансиски средства до Управата за јавни приходи. Формата и содржината на Барањето за финансиска поддршка за исплата на финансиска средства ја пропишува Министерот за финансии.
Барањето се поднесува преку системот е-даноци на Управата за јавни приходи до 5-ти во месецот за претходниот месец, а комплетноста на Барањето го потврдува Управата за јавни приходи, во рок од 3 дена од денот на приемот на барањето.
Во Барањето, физичко лице кое врши самостојна дејност, дава Изјава за исполнетоста на условите од Уредбата.
Управата за јавни приходи ја известува Владата на Република Северна Македонија за физичките лица кои вршат самостојна дејност-баратели на финансиска поддршка кои ги исполниле условите за финансиска поддршка за исплата на финансиски средства.
Износот на финансиска поддршка се исплатува до 13-ти во месецот за претходниот месец преку Владина програма за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност.
Прашање 11
Прашање 11: Самостоен вршител на дејност како може да аплицира за мерката за плата од 14.500 денари за месец април и мај.
Одговор: Процедурата е иста како и за претходно поставеното прашање во однос на Лицата кои вршат занаетчиска дејност, кои се опфатени со иста Уредба.
Самостоен вршител на дејност – барател на финансиска поддршка поднесува Барање за финансиска поддршка за исплата на финансиски средства до Управата за јавни приходи. Формата и содржината на Барањето за финансиска поддршка за исплата на финансиски средства ја пропишува Министерот за финансии.
Барањето, физичкото лице кое врши самостојна дејност го поднесува преку системот е-даноци на Управата за јавни приходи до 5-ти во месецот за претходниот месец, а комплетноста на Барањето го потврдува Управата за јавни приходи, во рок од 3 дена од денот на приемот на барањето.
Во Барањето, физичко лице кое врши самостојна дејност, дава Изјава за исполнетоста на условите од Уредбата.
Управата за јавни приходи ја известува Владата на Република Северна Македонија за физичките лица кои вршат самостојна дејност-баратели на финансиска поддршка кои ги исполниле условите за финансиска поддршка за исплата на финансиски средства.
Износот на финансиска поддршка се исплатува до 13-ти во месецот за претходниот месец преку Владина Програма за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност.
Прашање 12
Прашање 12: Пријавени сме за невработени, немаме приходи, како може да дојдеме до мерката од Владата за тие 7. 000 денари?
Одговор: Доколку сте материјално необезбедено домаќинство, ве молиме да се обратите до месно надлежниот Центар за социјална заштита за да може да поднесете право за добивање на гарантирана минимална помош, како и друго право доколку ви следува согласно Законот за социјална заштита и Законот за заштита на децата.
Прашање 13
Прашање 13: Имав договор на неопределено време, меѓутоа поради целата ситуација, газдата ми даде отказ. Дали може да искористам некоја од мерките на Владата?
Одговор: Доколку имате престанок на работниот однос, може да користите паричен надоместок. Право на паричен надоместок има невработено лице што било во работен однос најмалку 9 месеци непрекинато, или 12 месеци со прекин во последните 18 месеци, пред престанокот на работниот однос. Надоместокот се иплатува согласно годините за работен стаж. Подетални информации за правото на следниот линк: https://av.gov.mk/paricen-nadomestok.nspx
Прашање 14
Прашање 14: Како невработено лице кое останав без работа поради коронакризата, кои права може да ги остварам.
Одговор:
Паричен надоместок за граѓаните што останале без работа поради кризата, согласно работниот стаж, што се остварува преку Агенцијата за вработување
https://koronavirus.gov.mk/merki/ekonomski-merki/merka-4
Парични надоместоци преку системот за социјална заштита, што се остварува преку надлежниот центар за социјална работа (гарантирана минимална помош, енергетски додаток и образовен додаток)
https://koronavirus.gov.mk/merki/ekonomski-merki/merka-7
Исто така, доколку сметате дека ви се повредени, или прекршени работничките права, ве упатуваме да се обратите до Државниот инспекторат за труд.
ПРИЈАВА од познат подносител (физичко лице)
http://dit.gov.mk/?page_id=208
ПРИЈАВА од анонимен подносител
http://dit.gov.mk/?page_id=202
poplaki@dit.gov.mk; 3296-310; 3116-110
Прашање 15
Прашање 15: Работодавач на вработено лице му дава минимална плата за месец април и мај, правното лице ги условува да потпишат дека нема да работат после мај.
Одговор: За било какво прекршување на правата утврдени со Законот за работни односи, вработените да пријават во Државниот инспекторат за труд
ПРИЈАВА од познат подносител (физичко лице)
http://dit.gov.mk/?page_id=208
ПРИЈАВА од анонимен подносител
http://dit.gov.mk/?page_id=202
poplaki@dit.gov.mk; 3296-310; 3116-110
Прашање 16
Прашање 16: Каде може да извадиме дозвола за движење за време на полицискиот час?
Одговор: Министерството за информатичко општество издава дозволи за движење за време на полициски час за вработени лица во органите на државна власт, кризни штабови, медиуми, погребални претпријатија и пекари до 5 вработени.
Сите информации како се добиваат дозволите ги имате на следниов линк: http://www.mioa.gov.mk/?q=mk/node/2875
За приватниот сектор, образецот го пополнува самата фирма и истиот треба да биде заверен од нивна страна. Сите информации на следниот линк:
http://www.mchamber.org.mk/default.aspx?mId=96&htmlid=846&lng=1
Прашање 17
Прашање 17: Каде може да се добие дозвола за движење во полициски час за лице кое е со нега, односно за лице кое пружа нега на други лица?
Одговор:
Министерство за информатичко општество и администрација
Инфо за сите дозволи преку МИОА
http://www.mioa.gov.mk/?q=mk/node/2908
Сите дозволи што ги обезбедува МИОА, се достапни преку порталот за uslugi.gov.mk
Видео линк со информации за тоа како се добива дозволата!
https://www.youtube.com/watch?v=Va028SR6y7s&feature=youtu.be
За да се обратат во МИОА за проблем
Прашање 18
Прашање 18: Имам родител на кој што му е потребна нега од друго лице, поточно мојата мајка пати од деменција и потребно е мое присуство таму. Со оглед на забраната за движење, како може да извадам дозвола или што и да треба за да можам да отидам и вратам?
Одговор: Министерството за информатичко општество и администрација издава дозволи за движење на лица кои се даватели на нега на трети лица, исклучиво врз основа на доставена комплетна медицинска документација.
Прашање 19
Прашање 19: Дали вработените во градежни компании може да се движат за потреби на работата за време на полицискиот час?
Одговор: Градежништвото е еден од клучните сектори, покрај производството, за растот и развојот на економијата и токму поради тоа започнатите градежни активности не смеат да сопрат во овој период.
Дозволите за движење на работници во време на полициски час, може да се користат и за градежниците, со оглед на фактот дека нивното работното место е на објект и може да се третира како производство.
Дозволите за движење на работници за време на полициски час, се издаваат од самиот работодавач, на меморандум на компанијата, а по урнек усвоен на Главниот координативен кризен штаб на 22 март 2020 година, доставен до сите стопански комори, организации на работодавачи и други асоцијации.
Освен заверка во самата компанија дозволата за движењена работник не треба да се заверува во друг орган на државната управа. Единствено, работникот за кој е издадена соодветна дозвола за движење во полициски час, мора да ја има во себе дозволата за движење во полициски час додека се движи од местото на живеење до местото каде извршува работни обврски и обратно, а во случај на контрола од припадник на министерството за внатрешни работи/полиција, мора истата да ја даде на увид.
Согласно Законот за работни односи, работодавачот го организира работниот процес според потребите и условите, а во однос на прекувремената, сменска или ноќна работа, доколку има потреба, истата може да се реализира, така што треба да се почитува Законот за работни односи, чии одредби се важечки и во време на вонредна состојба, освен ако со уредба не е поинаку уредено.
Прашање 20
Прашање 20: Породилното отсуство ми заврши на 20ти март. Нема кој да ми го чува детето, сопругот е исто вработен. Што со нас?
Одговор: Донесена е Уредба за продолжување на породилното отсуство, а ги опфаќа оние родители чие породилно отсуство истекува од денот на прогласување на вонредна состојба (18.03.2020) до денот на завршување на времените мерки. Ве молиме обратете се во Фондот за здравствено осигурување за да го регулирате продолжувањето, како надлежно по ова прашање.
Прашање 21
Прашање 21: Може ли да ми го објасните делот со користењето на годишен одмор? Дали доколку имаме премногу работа, а вработениот бара одмор кој што во моментот не можеме да му го дадеме, имаме право на тоа?
Одговор: Со Уредбата за примена на Законот за работни односи за време на вонредна состојба се регулира користењето на годишните одмори на вработени во приватниот сектор.
За работниците вработени во приватниот сектор опфатени од времените мерки за заштита од ширење и превенција од Коронавирус COVID-19, неискористениот дел од годишниот одмор, односно неискористениот годишен одмор од календарската 2019 година, да се искористи до 31 мај 2020 година, согласно потребите на работниот процес и одобрение на работодавачот.
За работниците вработени во приватниот сектор опфатени од времените мерки за заштита од ширење и превенција од Коронавирус COVID-19, делот од годишниот одмор за 2020 година кој мора да се искористи во траење од две непрекинати работни недели, да го искористат до 30 јуни 2020 година, согласно потребите на работниот процес и одобрение на работодавачот.
Работодавачот има право да даде или да не даде годишен одмор согласно потребите на работниот процес.
Прашање 22
Прашање 22: Јас сум вработена во приватен сектор, бидејќи сум бремена ја користам мерката за ослободување од работа. Дали работодавачот има право да ми ја намали платата? Работните обврски ги извршувам и од дома.
Одговор: Согласно заклучоците на Владата на Република Северна Македонија, мерките и препораките за заштита и превенција од ширење на корона вирусот COVID 19, се однесуваат како на државниот, така и на приватниот сектор и отсуството треба да се смета за оправдано отсуство.
Прашање 23
Прашање 24
Прашање 24: Дали може со сопругот да ја користиме мерката за ослободување на еден родител на дете до 10 годишна возраст, односно една недела да ја користам јас, наредната недела сопругот?
Одговор: Мерката може да биде искористена од страна на двајцата родители. Освен лична писмена изјава која ја доставувате до секторот за човечки ресурси, по завршувањето на времените мерки треба да доставите и потврда издадена од градинките/училиштата соодветно за периодите кој родител кога ја користи мерката.
Прашање 25
Прашање 25: Дали може додека користам мерка за ослободување од работа, бидејќи сум лице со хронично заболување, работодавачот да побара да се вратам на работа?
Одговор: Согласно мерките и препораките на Владата на РСМ за заштита и превенција од ширење на корона вирусот COVID 19, лицата со хронични заболувања со потврда од матичниот лекар се ослободени од одење на работа. Меѓутоа, во лична писмена изјава што ја доставувате во прилог со потврдата стои дека вие сте достапен на работодавачот и дека доколку има потреба истиот може да ве побара да се појавите на работното место 2 или 3 часа.